ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мајчиниот јазик е врската со другите јазици, треба да се гради свеста за неговата заштита

Се прашуваме: Каде грешиме?, а јас би прашала: Зошто грешиме? Ако ние ја подигнеме свеста кон сопствениот јазик на доволно високо ниво, особено во медиумите кои го шират убавиот македонски збор, тогаш мислам дека сме го постигнале одговорот дека треба да се почитува стандарднојазичната норма, а нашиот Институтот научно пристапува во градењето на тој стандард, рече Веновска-Антевска

February 20, 2020 15:07
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Скопскиот се постави како говор со престиж и тој е виновен за тоа што грешиме во правоговорот и правописот, изјави директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елена Јованова-Грујовска на одбележувањето ан 21 февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик прогласен од УНЕСКО.

За да се подигне јазичната култура Институтот планира, рече, да организира обуки за новинари и за лица што се занимаваат со односи со јавноста, како и за сите заинтересирани граѓани.

На денешниот настан учествуваа дваесетина ученици од скопски основни и средни училишта и се слушнаа 16 јазици, меѓу кои и изведба на песна на ладино – јазикот  на македонските Евреи кој го зборуваат околу 200 говорители.

Проф. д-р Снежана Веновска-Антевска зборуваше за значењето на мајчиниот јазик за кој рече дека е врската со другите јазици. Македонскиот јазик со својата структура и семантика, рече таа, достигна високо ниво кое сега треба да се заштитува.

-Се прашуваме: Каде грешиме?, а јас би прашала: Зошто грешиме? Ако ние ја подигнеме свеста кон сопствениот јазик на доволно високо ниво, особено во медиумите кои го шират убавиот македонски збор, тогаш мислам дека сме го постигнале одговорот дека треба да се почитува стандарднојазичната норма, а нашиот Институтот научно пристапува во градењето на тој стандард, рече Веновска-Антевска.

Во време на глобализација, интернет и доминација на англискиот јазик, според неа,  важна е улогата на семејството зашто од дома и во градинка почнува љубовта кон сопствениот јазик. Важно е, рече, сите да настапуваат заедно зашто најголемата одговорност сега е да се заштити јазикот, особено тоа да се вгради во свеста на новите генерации.

Оваа година одбележувањето на Светскиот ден на мајчиниот јазик финансиски е поддржан од Град Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов изјави дека македонскиот јазик е тој што го зачувал идентитетот на македонскиот народ низ вековите и дека е гарант, како што рече, дека идентитетот ќе биде зачуван и во иднина.

-За жал, девастациите што се појавуваат ги има и во секојдневниот говор, што понекогаш излегува надвор од конвенционалноста. Градот Скопје во Програмата за култура која ја објавува  секоја година  сериозно поддржува издавање книги на македонски и на албански јазик, со цел како институција да придонесеме за зачувување на нивната посебност, рече Шилегов.

Додаде и дека иако надвор од своите надлежности, Град Скопје го поддржува Денот на мајчиниот јазик и најави поддршка за реконструкција на Спомен-собата на Крсте Петков Мисирков.

Институтот минатиот месец беше домаќин на јавната расправа за измените на Законот за употреба на македонскиот јазик, на која имаше и забелешки од учесниците. Директорката Јованова-Грујовска рече дека сите забелешки се пратени до предлагачот – Советот за македонски јазик и до Министерството за култура.

-Понатаму е работа на законодавниот дом како сето тоа ќе се имплементира. Ние ги дадовме сите забелешки и тие се во правните служби на Собранието на разгледување, изјави за медиумите директорката на Институтот.

На 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, УНЕСКО го прогласи 21 февруари за меѓународен ден на мајчиниот јазик и од наредната 2000 година е промовиран во Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Датумот е избран во спомен на трагичните демонстрации  на студенти од Универзитетот во Дака, кои како учесници на бенгалското јазично движење  биле убиени од полицијата на 21 февруари 1952. Протестот бил против одлуката на владата на новоформираната држава Пакистан во 1948 –  урду да стане единствен официјален јазик во земјата која била поделена на голем број етнички и лингвистички групи, а најголем број од жителите биле Бенгали со мајчин бенгалски јазик.

Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.

На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за  мали јазици т.е. јазици со мал број говорители кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици, особено на американскиот и на австралискиот континент.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување

May 14, 2025

Сириските граѓани го прославија укинувањето на американските санкции

May 14, 2025

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 29 луѓе

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk