ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Изложба со златните маски од Требениште, по Скопје ќе биде поставена во Софија

August 23, 2023 09:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Изложба од ексклузивните наоди од некрополата Требенеште, кои во 2019 година во соработка на музеите на Северна Македонија, Србија и на Бугарија, беше поставена во Скопје, ќе биде претставена пред бугарската јавност, во Националниот археолошки институт со Музеј при Бугарската академија на науките во Софија.

Владата ја разгледа и ја усвои и информацијата од Министерството за култура за реализација на меѓународната изложба која е уникатна по наодите кои ни го претставуваат животот покрај Охриското Езеро од 6 до 4 век пред нашата ера. Во поставката се и прочуените златни маски кои се чуваат во Белград, Софија и една во Охрид, и кои првпат на оваа изложба се изложуваат заедно.

Покрај уникатноста на наодите, оваа поставка е уникатна и по тоа што на овој локалитет работеле археолози од трите земји каде што преку своите институции го афирмираат културното наследство од требенишкиот локалитет. Како плод на соработката на стручните тимови на Археолошки музеј на Северна Македонија, со Националниот археолошки институт со музеј во Софија, Бугарија и со Народниот музеј на Србија во Белград каде што се чуваат вредните артефакти од некрополата, во 2019 година се реализираше изложбата која заокружи единствена приказна за случајното откритие во 1918 година, во близина на селото Требениште, кај Охридското Езеро.

Од Министерството за култура информираат дека со огромен интерес од јавноста беше проследена уникатната поставка „100 години Требенеште“ , која во Скопје беше отворена 6 месеци, а која во Софија ќе биде реализирана како „105 години од Требенеште“.

-Со оваа изложба продолжува соработката помеѓу трите земји за заокружување на ексклузивната приказна за Требениште кое е прв и можеби единствен пример на локалитет што е истражуван од три земји, промовиран преку три музеи, од Скопје, Белград и Софија, се вели во соопштението на Министерството за култура.

Tags: бугаријаСофијаТребениште
Next Post

Хоџиќ: Мицкоски уште не дојден на власт влегува во „војна” со Европа и Западот

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk