Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека открило дваесет авиони на кинеското воено воздухопловство кои влегле во зоната за воздушна одбрана на островот во изминатите 24 часа, пишува Ројтерс.
Тоа вклучува борбени авиони и беспилотни летала кои ја преминаа централната линија на Тајванскиот теснец, претходно неофицијална бариера меѓу двете страни што кинеските авиони рутински ја преминаа во текот на минатата година.
„Денеска до шест часот утринава беа откриени 32 авиони и девет оловни објекти на Народноослободителната војска. Од нив, 20 авиони ја преминаа средишната линија на Тајванскиот теснец или влегоа во југозападните, југоисточните и североисточните зони за воздушна одбрана“, соопшти тајванското Министерство.
Меѓу идентификуваните летала има и ловци „Су-30“ и „Ј-10“, како и противподморнички авиони.
Со Тајван од 1949 година управува администрација независна од Кина, но според официјалната позиција на Пекинг и повеќето земји, островот се смета за една од кинеските провинции.
Г. Т.