ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕК бара да не се политизира и да не се шират дезинформации за коронавирусот

-Од блиску ја следиме ситуацијата во Италија, овој брз развој на настаните покажува колку бргу се менуваат работите, ситуацијата во Италија предизвикува загриженост и покажува колку е важно земјите членки на ЕУ да бидат подготвени доколку се појави слична ситуација, изјави утрово европската комесарка за здравство, Стела Кириакидис.

February 24, 2020 11:40
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Драстичните мерки на италијанските власти за коронавирусот предизвикаа паника кај голем дел од европското население, Европската Комисија бара секоја одлука да се заснова на научни докази.

-Од блиску ја следиме ситуацијата во Италија, овој брз развој на настаните покажува колку бргу се менуваат работите, ситуацијата во Италија предизвикува загриженост и покажува колку е важно земјите членки на ЕУ да бидат подготвени доколку се појави слична ситуација, изјави утрово европската комесарка за здравство, Стела Кириакидис.

Во Италија, меѓутоа, последните случувања послужија и како политичка платформа за популисти како поранешниот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, да повикаат за спречување на миграцијата, патувањата и воведување гранични контроли во Шенген зоната.

Ако ваквите одлуки се исклучиво прерогатив на земјите членки, а не на Европската Комисија, таа сепак бара секое решение да биде втемелено врз сериозни научни докази и евалуации на релевантните власти како Светската здравствена организација (СЗО).

-Би било многу жално оваа ситуација да се политизира, она што е сега потребно е, кога се дискутира за мерките, вклучително и граничните контроли, тие да се засноваат на кредибилни процени на ризикот и на научни докази, мерките треба да бидат пропорционални и да се носат во координација со другите земји, треба да настапиме како заедница, изјави на прес конференција еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич.

За сега од Светската здравствена организација нема нови препораки во однос на рестрикција на патувањата и движењата во Европската Унија.

Секоја земја членка одлучува за себе какви мерки сака да воведе, додека институциите на ЕУ се задолжени за препораки за своите вработени. Европската Комисија уште во јануари им препорача на вработените да ги откажат сите патувања во и од Кина, Макао и Хонг Конг доколку не се неопходни.

Здравствено-безбедносниот комитет на ЕК утрово одржува седница на која се разгледуваат последните случувања во Италија и по која ќе бидат информирани медиумите дали се планираат нови мерки или нови препораки до земјите членки.

Комесарот Ленарчич повтори дека оваа епидемија несомнено ќе има последици врз глобалната економија и трговија, но дека во овој момент врвен приоритет е здравјето на граѓаните и сите мерки треба да се носат согласно тој приоритет пред сѐ.

Европската Комисија денеска најави и нова финансиска помош за справување со заразата од Ковид 19 во износ од 232 милиони евра: 114 милиони се наменети за поддршка на СЗО, 15 милиони се наменети специфично за помош на африканскиот континент, 100 милиони за медицински истражувања и вакцини и конечно три милиони евра за репатријација на лица од Кина.

-Со над 2600 изгубени животи, немаме друг избор освен да се подготвиме на секое ниво, нашата нова помош ќе и помогне на Светската здравствена организација да осигури дека земјите со послаби здравствени системи нема да бидат изоставени, нашата цел е да се спречи епидемијата на глобално ниво, изјави комесарот Ленарчич. 

Next Post

Паника во Италија: Опустошени полиците во маркетите поради епидемијата на коронавирус

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk