ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Британскиот крал повика на француско-британско пријателство пред идните предизвици

September 21, 2023 10:02
in ДЕНЕС, СВЕТ

Британскиот крал Чарлс Трети вчеравечер ги повика Франција и Обединетото Кралство да продолжат да го „оживуваат своето пријателство“ за заедно да се справат со идните предизвици откако турбуленциите на Брегзит ги нарушија односите.

-На сите нас е да го оживееме нашето пријателство така што ќе биде дораснато на предизвиците на овој 21 век, рече Чарлс на француски за време на официјалната вечера во раскошниот декор на Салата на огледалата во Версајската палата, симбол на француската монархија до револуцијата.

Чарлс Трети го поздрави фактот што францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Риши Сунак, за време на француско-британскиот самит во март во Елисејската палата, прв во последните пет години, иницираа „обновување на срдечната Антанта“ меѓу двете земји по години тензии околу Брегзит.

Макрон му се заблагодари на кралот за посетата неколку месеци по неговото доаѓање на тронот, како „знак на пријателство и доверба“, како и „почит кон нашето минато“ и „гаранција за иднината“.

-И покрај Брегзит, она што не поврзува доаѓа од далеку… Знам дека ќе продолжиме да пишуваме заедно дел од иднината на нашиот континент, да одговориме на предизвиците и да им служиме на нашите заеднички цели. Француско-британските односи „не беа секогаш мирни“, но таа „осцилација, тој магнетен валцер придонесе за испреплетување на нашите судбини… докажувајќи дека, ако постои чувство кое е наследно меѓу нашите две земји, тоа не е непријателство, тоа е фасцинација. Можете да сметате на пријателството и континуираната поддршка на нашата земја за да постигнеме заедничка цел за нашиот народ и човештвото, нагласи Макрон.

Tags: МакронОдносипријателствофранцуско-британскиЧарлс Трети
Next Post

Трамп: Ако бидам реизбран, ќе испратам илјадници војници на границата со Мексико

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Во Претседателството на БиХ нема поддршка за предлогот Трамп да добие номинација за Нобелова награда за мир

August 25, 2025

Гардијан: Венс во февруари барал замена за Зеленски, Залужни одбил телефонски повик

August 25, 2025

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk