Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во интервју за Рацин.мк, прашан за оценка за степенот на искористеноста на фондовите на ЕУ наменети за прекуграничната соработка. Вели дека со поддршка од фондовите на ЕУ реализирани се преку 700 проекти во програмата за прекугранична соработка околу 700 проекти. Тој предупредува дека блокадата или одлагањето на уставните амандмани ќе го блокира или одложи пристапот до новите поголеми фондови на ЕУ.
„Имаме одлична соработка и одличен процент на реализација. Во овие десеттина години преку оваа програма се реализирани околу 700 проекти во вкупна вредност од 80 милиони евра. Тоа е еден добар бенефит за државата. Сигурно ќе ме прашате каков е ефектот врз равојот на државата. Прво, тоа не се големи пари, друго, ние со статусот што го имаме во пристапувањето кон Европа, сѐ уште сме во позиција да се подготвуваме и да учиме како да ги користиме тие средства затоа што тие понатаму ќе стануваат многу големи. Еден пример надвор од ова ќе кажам. Бугарскиот мој колега, тие немаат баш вакво министерство, но кога разговараме на оваа тема, тој вели правете како што ќе правите, јас милијарди евра европска помош користам и менаџирам и за овие, да не бидам сега погрешно сфатен, „за овие ситни пари“ немам време. Мојот бугарскиот колега, кога разговараме на оваа тема, вели правете како што ќе правите, јас милијарди евра европска помош користам и менаџирам и за овие, да не бидам сега погрешно сфатен, „за овие ситни пари“ немам време. Сакам да кажам, подигајќи го капацитетот, научувајќи ги луѓето дека постојат тие можности, кои проблеми, кои прашања се реализираат и во кој обем, ние ќе стигнеме до тие фази“, вели Пенов.
Целото интервју на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, за Рацин.мк, тука.