ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со премиера на претставата „Фирма“ почнува фестивалот РУТА

October 3, 2023 09:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Во Драмски театар вечер, со премиера на претставата „Фирма“, почнува регионалниот театарски фестивал РУТА. Фестивалот ќе трае до 8 октомври, а македонската публика ќе може да ги види „Декамерон“ на Градско позориште Подгорица, „Нора“ на Местно гледалишче Љубљана, „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево и „Самрак на боговите“ на Београдско драмско позориште. РУТА завршува со претставата  „Отело“ на театарот Улисис од Хрватска.

„Фирма“ е во режија на Нела Витошевиќ, по текст на авторот Роланд Шимелфенинг, а играат: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, додека изборот на музиката е на Нела Витошевиќ. „Фирма“ ќе биде на редовен репертоар на 13-ти и 14 октомври.

„Декамерон“ е во копродукција со Народно позориште Ниш, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, додека „Нора“ е во режија на Нела Витошевиќ. Претставата „Син“ ја режира Дино Мустафиќ, а автор е Флоријан Зелер. „Самрак на боговите“ е во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ, додека за „Отело“ режијата и е доверена на украинската режисерка Оксана Дмитрова. Поделбата на улогите за оваа претстава, освен на актерите на Улисис, е направена и со членовите на „Сараевски ратни театар“ од Сараево.

-Драмски театар Скопје ја отвара театарската сезона со шеснаесеттата по ред РУТА на која македонската публика ја има ексклузивната можност да проследи претстави направени во копродукција на повеќе театри и режисери од целиот регион. Поради големиот интерес на публиката пуштени се во продажба поединечните и блок билетите за фестивалот, информира Драмски театар.

Tags: ДрамскиРУТАфест
Next Post

Костадиновска-Стојчевска: „Букстар“ е платформа и предизвик за промена на светот преку литературата

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk