ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Туристичките агенции ги откажуваат патувањата за 8-ми март во Италија

Туристичките агенции денеска одлучија да ги откажат патувањата во Италија, особено за празникот на жената 8. Март, откако корона вирусот се прошири најмногу во северниот дел од земјата, каде има седум починати, а повеќе од 220 се заразани од вирусот.

February 25, 2020 15:24
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Туристичката агенција „Фалкон травел“ преку социјалните мрежи ги извести своите корисници дека сите патувања за 8-ми Март се откажани поради ширењето на корона вирусот во Италија.

„Ве известуваме дека сите патувања за 8-ми Март поради корона ( COVID – 19 ) вирусот во Италија ќе бидат откажани од наша страна, поради безбедноста на нашите патници која секогаш ни е на прво место.

Големиот број на патници кои имаа уплатено за овие дестинации можат да ги добијат во целост сите уплатени средства или пак да се префрлат на некое друго патување за друг термин“, соопштија од агенцијата.

Другите агенции порано денеска потврдија дека чекаат официјална одлука од властите за да ги откажат патувањата, пренесоа дел од медиумите.

Деновиве, повеќе медиуми јавија дека патниците кои резервирале празникот на жената да го поминат во Италија, не планираат да го откажат патувањето.

Инаку Венко Филипче, министерот за здравство, вчера по состанокот на Центарот за кризи соопшти дека на граѓаните им се препорачува да не патуваат во Италија, освен ако потребата не е итна.

„Доколку немаат итна потреба граѓаните да не патуваат во Италија. Го замоливме конзулот доколку постои механизам тој да биде известен ако некоја група наши граѓани сака да се врати во нашата земја и на тој начин ќе имаме дополнителни информации каде и кога тие би се појавиле на граничните премини“, рече вчера Филипче.

Денеска и Владата на седница донесе одлука да ги задолжи сите основни и средни училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во Италија, како и да организира едукативни часови за превенција од корона вирусот, во соработка со локалната самоуправа и центрите за јавно здравје. На граѓаните на земјата им се препорачува да не патуваат во Италија и во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на коронавирусот.

На денешната прес-конференција, по донесување на одлуките на Владата, Филипче соопшти дека откажување има на патувањата организирани од јавните институции и дека тие не можат да им забранат организирање патувања на приватните туристички агенции. Но, апелира, дека е многу опасно во овој период да се организираат такви патувања, па повика и граѓаните сами да се откажат од нив.

Македонија воведе и контрола на граничните премини и на аеродормите. Вчера во земјава пристигна авион со патници од Милано, а доцна синоќа Министерството за здравство објави дека едно лице со покачена температура само дошло на Инфективна клиника, но по испитувањата се утврди дека нема коронавирус.

Инаку во Италија, според последните податоци од корона вирусот починаа седум лица, а повеќе од 220 се заразени од коронавирусот. Најкритични се северните делови на земјата, при што единаесет градови во овој дел се изолирани, а граѓаните во паника ги испразнија продавниците.

Б. Богдановска

Next Post

Патникот од Дубаи нема коронавирус

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Ново истражување сугерира дека ширењето на универзумот не се забрзува, туку забавува

November 6, 2025
Скриншот

Трамп: Светот би бил во депресија без американските царини

November 6, 2025

Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk