Во Франција денеска беа испратени закани за бомби на осум аеродроми, од кои три се евакуираат, јави ТВ БФМ.
Извештаи за подметнати експлозивни направи во текот на утрото добија аеродромите во Лил-Лекан, Рен, Бове, Тарб, Нант, Безје, Пау и Брест, од кои во тек е евакуација во Рен, Тарбес и Безје.
И во претходните два дена, неколку француски аеродроми добија дојави за бомби, за кои беше утврдено дека се лажни. И Версајскиот дворец и музејот Лувр неодамна беа евакуирани од истите причини.
Денеска е уапсен 37-годишен маж под сомнение дека вчера испратил лажна дојава за бомба во Версајскиот дворец кој поради тоа беше евакуиран, како и уште три пати за помалку од седум дена.
Според ТВ БФМ, осомничениот, кој нема криминално досие, живее со родителите, невработен е, боледува од шизофренија, а полицијата засега не се сомнева во терористички мотиви.
Француската Влада се закани со затворски казни и високи парични казни за оние кои упатуваат закани за бомби, откако серија лажни тревоги доведоа до евакуација на 15 аеродроми и откажување на 130 летови