Во последните денови видовме одредено подобрување во испораката на хуманитарна помош во Газа, изјави денеска портпаролот на Европската комисија на прес-конференција како одговор на новинарско прашање.
Најважно е почитувањето на меѓународното хуманитарно право, кое предвидува неограничен пристап до дадената помош, истакна тој. Според него, правилата не предвидуваат ограничувања за обемот и видот на хуманитарната помош, пренесува БТА.
– Неколку камиони беа пуштени да влезат во Газа, но пред војната гледавме по стотина камиони дневно. Денеска бројката е многу помала и не е доволно, рече портпаролот.
Тој најави дека досега се реализирани два хуманитарни летови за Египет со вкупно 54 тони помош од ЕУ. Помошта е подготвена да биде донесена во Газа, објасни портпаролот.