Мохамед Салах повторно соборува рекорди, овој пат го надмина Тиери Анри и стана играч од Премиер лигата со најмногу постигнати голови во европските натпреварувања.
Со негов гол во победата на Ливерпул против Тулуз од 5-1, Салах постигна 43 голови во европските натпреварувања за Ливерпул, Тој го надмина досегашниот рекорд на Анри кој постигна 42 голови во 79 настапи помеѓу 1999 и 2006 година.
Салах рекордот го постави со одиграни 70 натпревари во европските натпреварувања за „црвените“, Стивен Џерард за Ливерпул постигна 41 гол, а Садио Мане 26 голови
– Ги знае бројките, знае сè, изјави Јирген Клоп претходно за ТНТ Спортс.
„Тој знае пред сите нас дека има рекорд зад аголот што може да го собори. Таму не му треба помош. Ако не постигне гол на последниот натпревар, има добри шанси да постигне гол на следниот натпревар, бидејќи тоа само ја зголемува неговата желба и тоа е добро за нас“, истакна Јирген Клоп пред натпреварот.
Ј. Ѓ.
.