Би-Би-Си ќе почне итна радио програма за жителите на Појасот Газа како одговор на конфликтот во регионот, пренесува Би-Би-Си.
Службата за итни случаи – Газа дејли – секојдневно ќе емитува значајни вести за жителите на Газа во ова кризно време.
Слушателите во Газа ќе имаат пристап до најновите информации и случувања, како и безбедносни совети за пристап до засолниште, храна и вода.
Со емитување од Каиро и Лондон, Радио „Газа“ ќе започне со свое прво емитување овој петок, со второ емитување следниот петок, на 10 ноември.
Светскиот сервис на БиБиСи има долга историја на реагирање на итни ситуации на глобално ниво. Неодамна, во мај 2023 година, за време на конфликтот во Судан, Би-Би-Си Нуз Арабик започна итна радио служба. Во февруари 2022 година, сервисот на Би-Би-Си Украина започна со продолжени ТВ билтени по инвазијата на земјата.
„Арапскиот дел на Би-Би-Си е исклучително добро поставен да им ги понуди овие витални информации на луѓето во Газа во време на очајна потреба“, рече директорката на Би-Би-Си Интернационал, Лилиан Ландер.
Подготви: Марта Пешевска