ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска за „Скомрахи 2023“: Младите уметници да продолжат да создаваат независно од технолошките иновации

November 2, 2023 09:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со краткиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска претстава „Вилицата на Ибен Бајерс“ во режија на Борис Василески, и двете целосно создадени од студентите на Факултетот за драмски уметности, вчера во Драмскиот театар во Скопје започнаа 31. Меѓународни средби на студенти од академии и од факултети за драмски уметности „Скомрахи 2023“.

Во официјалната програма на „Скомрахи 2023“  годинава ќе бидат прикажани  25 филма и 7 студентски пиеси, а дополнително ќе се реализираат и изложби, работилници,  предавања и богата музичка програма.

Отворањето на средбите, заедно со многубројните студенти театролози и филмаџии од регионот и од Европа, го проследи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која се осврна на темата во фокусот на „Скомрахи 2023“ – односот меѓу човекот уметник и  вештачката интелигенција.

– Прекрасно е чувството да се биде во друштво со млади луѓе кои се дел од 31. „Скомрахи“, особено што на овогодишните средби во фокусот е една многу важна тема која има свои вредности и предности, но и различни начини на придонесување кон уметничката сцена и човечката креативност – рече министерката за култура по свеченото отворање.

– Од особено значење е фактот што уметникот бара во себе и во околината инспирација. Неговиот креативен процес потекнува од емоции, искуства, мислења и интеракција со светот. Тој создава уметнички дела кои го одразуваат неговиот уникатен поглед на светот, неговата култура, верувања и искуства. Во целата оваа разноликост, наоѓаме богатство од идеи и изрази кои ја збогатуваат културната сцена. Со појавата и рапидниот напредок на вештачката интелигенција, сценариото се менува. Вештачката интелигенција има потенцијал да донесе различни предности и предизвици во подобрување на комуникацијата и размена на идеи во образованието и културата, но, сепак, е базирана само на податоци и анализа на обрасци, без емоции, среќа или тага – рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека ова се само неколку аспекти што може да бидат истражени и разгледани во контекстот на меѓународните студентски средби на Факултетот за драмски уметности. Важно е да се води дебата и да се истражуваат можностите за користење на вештачката интелигенција на најдобар начин за подобрување на образованието и искуството на студентите на факултетите за драмски уметности.

– Иако вештачката интелигенција може да создаде впечатливи слики, музика и текстови, таа нема длабока врска со човечките емоции. Затоа искрено мислам дека сѐ додека постојат уметниците, тие ќе изнајдат начини да ја искажат својата креативност – рече министерката за култура, притоа порачувајќи им на младите уметници да продолжат да  создаваат и да инспирираат бидејќи вистинската уметност произлегува од срцето и душата, независно од технолошките иновации што, несомнено, ќе продолжат да нѐ зачудуваат во иднина.

Next Post

327 санкционирани возачи во Скопје, 79 за брзо возење

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk