Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
И сè уште ми е несфатливо!!!
Одамна се обидувам да сфатам како е можно некои луѓе толку брзо да заборават што се случуваше до скоро во Македонија.
Не смееја името да му го спомнат на Сашо Мијалков. Или, скраја било, виц да кажат за него.
И „неутралните“ ме убедуваат дека сите се исти???
Кога сме веќе кај неутралните, не знам како тоа неутралноста влезе во мода во Македонија!?
КОЈ ЛИ ГО СМИСЛИ ТОА ДЕКА НЕУТРАЛНИТЕ ТРЕБА ДА СЕ СМЕТААТ ЗА ПОПАМЕТНИ ОД ОНИЕ ШТО СЕ СПОСОБНИ ДА ПРЕПОЗНААТ РАЗЛИКА МЕЃУ ‘ЕДНИ’ И ‘ДРУГИ’???
Да се вратам сега на муабетот за режимот до пред неколку години. Земаа провизии од 155 милиони евра (од еден тендер), рушеа згради со динамит, вршеа „самоубиства“ и „сообраќајни несреќи“, сместуваа луѓе зад решетки, се закануваа со фрлање во ендек, си штанцаа лични карти за избори и до утре можам да набројувам. Само да го наведам уште тоа дека премиерот избега во гепек и остави жена и ДВЕ ДЕЧИЊА. Тоа е екс лидерот на партијата што негува семејни вредности.
И сега „неутралните“ ме убедуваат дека сите се исти затоа што некој директор си ја вработил внуката, а некој член на Управен одбор купил автомобил и не го пријавил во анкетен лист, или некој градоначалник бил арогантен.
Демек СДСМ ги заборавило своите. Демек скандалозно.
Со други зборови, СДСМ СЕ ИСТИ СО ВМРО, затоа што ЗА РАЗЛИКА ОД ВМРО, СДСМ ги заборави своите…
Исти се, затоа што се различни.
Тоа е таа „неутрална“ „логика“!
Има ли грешки кај новата власт? ИМА. Милион!
Треба ли да се критикува? Треба… И мора. Доколку сакаме нормална држава.
Но некој да каже дека „сите се исти“, или е со куса памет, или па сака да се врати режимот. Нема трето.
И замислете… Еден Мицкоски има највисок рејтинг во Македонија, а еден Апасиев добива илјадници срциња за секоја сочна пцовка што ќе ја напише на фејсбук.
Македонско проклетие. Со ген на самоуништување!
Текстот е личен став на Авторот.