ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) „Полиграф“: Кој ширеше неточни информации дека државата Јемен му објави војна на Израел?

November 7, 2023 15:52
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Неточни информации дека Јемен му објавил војна на Израел се појавија и во македонски медиуми.

На македонскиот агрегатор за вести time.mk на 31.10.2023 се појави кластер вести „Јемен му објави војна на Израел“ со истоимен наслов на прво место , и содржина во која се тврди: „Јемен е прва арапска земја што му објавува официјално војна на Израел од 1973 година“.

И други портали објавија вакви неточни наслови, како на пример: „Јемен се приклучува кон конфликтот Израел-Газа“, или насловот „(Видео) Jeмен неофицијално му објави војна на Израел – Хутите ја превземаа одговорноста за нападите во југот на државата“ .

Откако во онлајн медиумите ширум светот се појави оваа неточна информација, на 01.11.2023 Сервисот за проверка на факти на „Асошиејтед прес“ објави напис: „Јемен нема објавено војна на Израел, наспроти тврдењата онлајн. Бунтовниците Хути лансираа ракети“.

Истиот ден, и „Њузвик“ објави наслов со прашање: „Проверка на факти: Дали Јемен објави војна со Израел?, анализирајќи влијателен видео твит, под кој беше додаден контекст „Оваа објава на војна против Израел не е од меѓународно признатата влада на Јемен, туку од бунтовниците Хути“.

Анализата на Њузвик заклучува дека „Јемен не објавил војна против Израел“ и дека „тврдењето се заснова на изјава објавена од милитаризираниот сојуз поддржан од Иран наречен Хути, кои имаат контрола врз главниот град на земјата. Тоа не е дел од меѓународно поддржаната влада во Јемен“. Истото се заклучува и во анализата на Асошиејтед прес, во која се вели дека „Меѓународно признатата влада на Јемен не му објави војна на Израел“.

Затоа, веста дека „Јемен му објави војна на Израел“ не е точна. Публиката треба да биде внимателна со вакви објави, а медиумите да ги проверуваат информациите што ги објавуваат, особено во вакви деликатни ситуации како што е конфликтот во Израел и Газа.

Преземено: СМК
Next Post
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Пензионерите протестираат, но не се најсиромашните во државата

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk