Екстремистичката група Исламска држава (ИД) денеска ја презеде одговорноста за експлозијата на минибус доцна синоќа во Кабул, во која загинаа седум лица, а 20 беа ранети.
Експлозијата се случи во областа Дашти Барчи во Кабул, која е населена со шиитски муслимани, за кои се верува дека биле главната цел на нападот.
Ова е втор напад во областа во последните недели, а претходниот беше на крајот на октомври кога загинаа четири лица загинаа, а седум беа ранети.
Населбата Дашти Барчи беше честа мета на милитантите од Исламската држава, која изврши бројни напади врз локални училишта, болници и џамии.
ИД е главниот ривал на талибанците откако ја презедоа контролата врз Авганистан во август 2021 година.