Обединетите нации соопштија дека една од нивните канцеларии во градот Газа била гранатирана во текот на ноќта, велејќи дека добиле „извештаи за смртни случаи и повредени“ меѓу цивилите кои биле засолнети таму.
„Ова е погрешно во секоја смисла. Цивилите, цивилната инфраструктура и неповредливоста на објектите на ОН секогаш мора да бидат заштитени“, објави администраторот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Ашим Штајнер на платформата Х (Твитер).
.@UNDP/@UN office in Gaza was shelled last night, with reports of deaths & injured among those who sought safety in our compound. This is wrong on every count. Civilians, civilian infrastructure & the inviolability of UN facilities must be always protected https://t.co/3yg3AlGDXD
— Achim Steiner (@ASteiner) November 12, 2023