ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Се менува структурата на буџетот, со високи капитални инвестиции

November 16, 2023 16:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со Предлог-буџетот за 2024 година ја менуваме економската слика во земјата. Имаме проекции за повисоки расходи и приходи, но понизок дефицит и капитални расходи од 733 милиони евра. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир  Бесими во интервју за Централниот дневник на МРТ во кое потенцира дека е најважна структурата на буџетот.

„Она што е важна е каква е структурата на Буџетот, бидејќи станува збор за пари на граѓаните и стопанството, што преку даноци се финансираат сите потреби. Така во предлог-буџетот за 2024 година имаме многу повисоки позиции во однос на претходната година. Приходите се планираат со раст од 10%, расходите со раст од 5,8%, што значи намалување на дефицитот на 3,4%, кој во 2020 година, во време на Ковид беше 8%. При тоа имаме зголемување на  капитални расходи кои од 262 милиони евра во 2020 година  се зголемуваат на 733 милиони евра, што е повеќе од два пати. Исто така,  имаме 18% раст во делот на плати, а притоа  намалување на дефицит на 3,4%, кој во 2020 беше 8% од БДП“, истакна министерот Бесими.

Тој потенцира дека веќе е воспоставен тренд на реализација на капитални инвестиции од над 70-80% и дека во оваа година веќе се реализирани 500 милиони евра инвестиции од планираните 730 милиони евра кои се пак за 95% повеќе во споредба со претходната година.

„Имаме големи инфраструктурни проекти и тоа конкретни проекти кои се познати како автопатиштата на Коридор 8 и 10д, железничката пруга од Коридорот – 8 кон Бугарија, каде имаме грант, исто така финансирани проекти од ЕБОР за НОМАГАС и други како во образование здравство, енергетика. Тоа се конкретни проекти кои се веќе во тек и кои ја менуваат економската слика за идната година.

Министерот очекува дека реализацијата на планираните капитални расходи, односно јавните инвестиции заедно инвестициите во приватниот сектор, за кои, исто така, има повеќе програми, ќе бидат моторот за економски раст, кој е проектиран на 3,4%.

„Растот на економијата е проектиран на 3,4%, а на што најголемо влијание ќе имаат јавните инвестиции кај кои има раст од околу 8%, како и потрошувачката која ќе забележи раст со оглед на растот на платите кој е веќе реален од април наваму со оглед на тоа што раст на платите ќе има и во наредната година, а имаме едноцифрена инфлација“, посочи Бесими и додаде дека инпут ќе има и приватниот сектор.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Интервју на Цивил Медиа со Ветон Сурои: Западен Балкан сè уште е во зона на недовршен конфликт

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Жесток напад на Трамп кон Лиза Монако директорка на „Мајкрософт“ – бара да и се даде отказ на

September 27, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

September 27, 2025

Директори на вселенски камп на НАСА и експерт за дигитално образование при ЕК ќе говорат на седмата „ЕдуКонференција“ во Струга

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три кандидати за градоначалник и девет листи за Совет во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk