Претседателот Стево Пендаровски вечерва се запиша во книгата на жалост отворена во ООУ „Јохан Хајрих Песталоци“ во Скопје по повод смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
Почивај во мир Вања! Сочувство до семејството, пријателите, соучениците, другарчињата, стои на објавата на фејсбук профилот на претседателот Пендаровски.
Пендаровски беше придружуван од неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска која исто така се потпиша во книгата на жалост.
Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер, Спасовски, вицепремиерот Битиќи и потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска се запишаа во книгата на жалост за убиената Вања.
„Огромна е тагата која нѐ обвива по загубата на Вања. Изразувам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство, до сите роднини и пријатели, до нејзините соученици. Почивај во мир Вања“, напиша во објавата на Фејсбук, премиерот Ковачевски.