ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пендаровски: Бугарија сигурно нема да го блокира датумот

Бугарија утре ќе ги најави мерките за преговорите

October 8, 2019 12:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Елементите на бугарската позиција во однос на натамошниот процес на интеграцијата на Северна Македонија се внатрешно-политичка работа на една земја-членка на Унијата и таа позициија со сигурност нема да биде изнесена на претстојниот Европски совет, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите дека Бугарија утре ќе ги најави мерките за преговорите рече дека деновиве не контактирал со бугарскиот претседател Румен Радев, но нагласи дека Бугарија сигурно нема да го блокира отпочнување на преговорите.

-Прво да добиеме датум, а потоа сите земји-членки на Унијата треба да ја направат преговарачката рамка од нивен национален аспект. Ќе направиме наши преговарачки позиции во одноа на тоа што другите земји-членки бараат од нас. Ако воопштио дојде на дневен ред таа работа тоа ќе дојде кон средината на следната година, кога ќе почне да се одвива преговарачкиот процес. Практично невозможно е да коментирате преговарачка позиција чии елементи не ги знаете се уште. Да ги видиме прво елементите, а околу динамиката ние ќе треба да се произнесеме во однос на тоа што евентуално го бара една земја-членка некаде половина година отсега понатаму, рече претседателот, кој денеска присуствуваше на отворање на МладиХаб – Канцеларија на Претседател на Република Северна Македонија и панел дискусија на тема „Дигитални вештини и трансформација на општеството“.

На 30 септември бугарскиот државен врв одржа консултативната средба кај претседателот Румен Радев, на која присуствуваа Борисов, Каракачанов и вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева.

По средбата Борисов нагласи дека Софија секогаш истакнувала дека Северна Македонија може да смета на неа на патот кон ЕУ, но никогаш не кажала дека безусловно го поддржува нејзиниот прием.

– Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и тие не треба да си играат со таа шанса… Но, да ја запреме Северна Македонија на патот кон ЕУ, тоа ќе биде запишано во историјата дека сите 27 земји ги поддржале, а само Бугарија ги запрела. Ние сакаме и Албанија да оди заедно со Северна Македонија. Но, никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме влезот во ЕУ. Имаме на располагање 71 инструмент во преговорите по поглавјата. Да не си играат со историјата и минатото и да се концентрираат на иднината, рече тогаш Борисов.

Извор: МИА

 

Next Post

Димова директна - Нека се охрабрат ДПМНЕ да закажат Надзорна расправа, да се соочиме лице в лице

Shortcut

Најново

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk