ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЕУ ќе го зајакнува влијанието на истражувањето и иновациите во процесот на креирање политики

December 9, 2023 09:37
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ усвои заклучоци со кои се предвидува зајакнување на влијанието и улогата на истражувањето и иновациите во процесот на креирање политики во рамки на Унијата.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во заклучоците се посочени три примарни меѓусебно комплементарни димензии на влијанието на истражувањето и иновациите во креирањето политики.

Првата димензија се однесува на придонесот на науката во зајакнување на креирањето политики, вклучувајќи го и нејзиното влијание за подобрување на животот на граѓаните и зацврстување на демократијата, втората, на резултатите од истражувањето и развојот врз регионалните и локални иновативни екосистеми, и третата, на импликациите врз клучните цели на политиките на Механизмот за обнова и отпорност (РРФ), вклучително и на родовата еднаквост.

Според шпанската министерка за наука, иновации и универзитети Дијана Морант Рипол, доброто креирање политики е од суштинско значење за напредокот на истражувањето и иновациите, но тие исто така имаат фундаментално влијание за успехот на регулаторниот процес.

– Зајакнувањето на придонесот на истражувањето и иновациите во креирањето политики е од корист на општеството како целина, има позитивно влијание врз планетата Земја, го подобрува животот на граѓаните и ја зајакнува демократијата, истакна Морант Рипол, чија земја е актуелен претседавач на ЕУ.

Во однос на првата димензија, целта е да се подобри креирањето политики со вклучување на научните докази и знаења во регулаторниот процес и со подобрување на кохерентноста на иницијативите на политиките во различни области. Се очекува со користењето на научните сознанија ЕУ и нејзините земји членки да бидат поподготвени да одговорат на предизвиците кои имаат значително социо-економско влијание, како што се економски кризи и пандемии.

Во делот на регионалните екосистеми, истражувањето и развојот треба да придонесат за дизајнирање на одлуки кои ќе создадат подобра синергија помеѓу кохезивната политика и европските фондовите во поддршка на регионалните центри на извонредност и олеснување на прекугранична соработка.

Третата димензија поврзана со Механизмот за обнова и отпорност (РРФ) се однесува на активности на национално ниво со наменски инвестиции и реформи насочени кон остварување на клучните цели на ЕУ.

Заклучоците се усвоени на предлог на шпанското Министерството за наука, иновации и универзитети, како еден од приоритетите на претседавањето на Шпанија со ЕУ во областа на истражувањето и иновациите.

Извор: МИА

Tags: иновацииполитикиСовет на ЕУ
Next Post
Бојан Маричиќ

Маричиќ за МИА: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk