Крушево блесна во новогодишен сјај, во прекрасни топли ноти и нескриена радост на лицата на крушевчани, објави на социјалните мрежи Домот на културата Крушево.
„За момент како да се врати вербата дека постои подобро утре, бидејќи одредена група на луѓе, ентузијасти, кои воедно си го сакаат својот град, со посветеноста и грижата ја вратија смислата на новогодишните празници. Благодарност на големиот интерес и директната поддршка од страна на Општина Крушево и останатите институции, на нашите сограѓани кои помогнаа оваа идеја да стане реалност! Но, сето ова не би имало смисла без огромниот влог на Magdalena Ilievska , Nuli Kostoska, Elena Ilieska, како иницијатори и чувари на духот на градот, како и уште низа други имиња кои дадоа сѐ од себе, за успешна реализација“, се наведува во објавата.