ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Ние сме единствена земја во регионот каде социјалниот дијалог е жив

December 26, 2023 20:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечерва на дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов. Тема на разговор на емисијата беше новиот колективен договор, социјалниот дијалог преку кој се носат мерките, зголемувањето на платите во јавниот сектор, исплата на пензиите.

„Пред две недели на конференција во Будимпешта каде беа присутни земјите од Западен Балкан утврдивме дека ние сме единствена земја каде колективните договори се носат низ социјален дијалог. Како држава се што носиме, а е во интерес на граѓаните минува низ Економско социјалниот совет. Во 2023та година беа одржани над 12 седници и тоа е потврда дека дијалогот се почитува и благодарение на него е донесен и Општиот колективен договор“ рече Тренчевска.

Таа објасни дека кога на ЕСС беше воден дијалогот за општиот колективен договор беше истакнато дека ќе има покачување на минималната плата во септември во 2024 година, меѓутоа дека за секоја одлука пред се приоритет ќе бидат финансиските импликации и тоа е причината зошто покачувањето нема да се случи во март 2024 година. И истакна дека после тоа покачување во март 2025 година ќе почне да функционира новата методологија каде платата ќе зависи од просечната плата и коефициентите.

„Кога го менувавме Законот за минимална плата синдикатите го поздравија ова решение. Согласно измените, во март 2024 година минималната плата ќе изнесува од 22.500 денари до 23.000 денари и ако го земеме тоа во предвид од 2017 година платата ќе биде покачена за 10.000 денари“ рече Тренчевска.

Во однос на колективниот договор на Топ тема беше истакнат и годишниот регрес од 10.000 денари кој за прв пат се исплаќа оваа година кај вработените во јавниот сектор. Министерката Тренчевска објасни  дека ваквото решение е поздравено особено од вработените во детска и социјална заштита кои за прв пат добиваат регрес и истакна дека истиот од наредната година ќе треба да изнесува најмалку 30% од просечната плата.

Next Post

ЕКСКЛУЗИВНО видео од Божиќната парада на ДИЗНИЛЕНД во Париз!

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk