ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Реконструираниот објект на ЕВР Гази Баба ќе обезбеди подобри услови за работа на полициските службеници

Реконструираниот објектот на Единицата за внатрешни работи во Гази Баба е еден од 80 објекти кои се по сите стандарди за енергетска ефикасност и за заштита на животната средина. Тој е реконструиран на начин да обезбеди добри услови за работа на полициските службеници, но и добри услови за остварување на правата на граѓаните кои гравитираат кон ЕВР Гази Баба, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, кој беше во работна посета на овој објект.

December 27, 2023 20:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, остварија работна средба со раководството на СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Гази Баба, со цел да извршат увид на реализираните активности, да се видат и резултатите од инвестициите во подобрување на стандардите на работењето на полициските служби, што беа започнати во 2017 година, во насока на поголема безбедност на граѓаните овде.
Од страна на вицепремиерката Грковска беше истакнато дека подобрувањето на условите за работа на институциите директно влијаат во борбата со корупцијата и организираниот криминал.

Заменичката на претседателот на Владата, Славица Грковска, упати честитки за зајакнатата доверба на граѓаните во полицијата, благодарение на покажаните резултати, што според неа е голем успех, имајќи го предвид незадоволството од другите институции во ланецот надлежни за борба со криминалот и корупцијата.

Грковска го поздрави и трендот на зголемување на бројот на жени меѓу полициските службеници, кој во ЕВР Гази Баба изнесува 20% и претставува голем исчекор споредено со состојбата во минатото. Поздравувајќи ги континуираните напори на министерството за модернизација на единиците на МВР низ земјава, таа подвлече дека со оглед на фактот што полициските службеници се на првата линија во борбата со криминалот, навистина е неопходно да имаат достоинствени просторни и технички услови за работа.

„Сакам да го поздравам тоа што МВР започна со обуките и тестовите за интегритет, што значи исполнување на уште една препорака на ГРЕКО, а којашто оди во насока на зајакнување на човечките капацитети и зголемување на свесноста колку е интегритетот важен, особено за вакви професии“, изјави Грковска по средбата.

Министерот за внатрешни работи Спасовски информираше дека при посетата на ЕВР Гази Баба, беше брифиран од раководството за постигнатите резултати во текот на 2023 и за приоритетите кои следат во 2024.

„Сакам да истакнам дека сите резултати кои се постигнати на територија на ЕВР Гази Баба, која опфаќа 200.000 жители, се вклопуваат во генералниот амбиент на безбедносната состојба –  мирна, стабилна и без индиции на нарушување. Второ, имаме намалување на криминалитетот и зголемување на ефикасноста. Овде имаме малку поголема ефикасност од просекот во другите СВР-а. За одбележување е дека имаме намалување на нарушувањата на јавниот ред и мир, меѓутоа и огромната откривачка активност во делот на нарушителите на јавен ред и мир“, рече Спасовски, додавајќи дека над 90% од нарушителите на јавниот ред и мир се откриени.

Тој ја потенцираше и големата ефикасност во откривањето на сторителите на кривичните дела на ова подрачје.

„Трета работа, што е исклучително важна за сите нас – немаме нарушување на јавен ред и мир, насилства или друг вид на конфликти кои што доаѓале помеѓу ученици поради меѓунационалните односи. Оваа година практично немаме ниту еден ваков настан, што е исто така за одбележување, и тоа треба да ни биде пример и за понатаму. Секако дека ЕВР Гази Баба од пред една година го има објектот, еден – би рекол – од најубавите објекти, го реконструиравме и тоа е еден од 80-те објекти коишто по сите стандарди за енергетска ефикасност, заштита на животна средина, е реконструиран и на тој начин обезбедивме добри услови за работа на полициските службеници, меѓутоа и добри услови за остварување на правата на граѓаните, за сите коишто гравитираат кон ЕВР Гази Баба“, изјави Спасовски, упатувајќи им порака ова да биде мотив на сите, а посебно за полициските службеници да продолжат со реализацијата на стратешките приоритети на МВР и идната 2024 година да  работат повторно во намалување на криминалитетот и зголемување на ефикасноста, како единствени релевантни мерливи статистички податоци коишто ја покажуваат активноста на МВР.

Next Post
Марјан Забрчанец

Да се подготвиме за најважните настани и трендови во 2024 година

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk