Најмалку 11 лица, меѓу кои пет деца, загинаа, а осум се ранети вчера во руски напад врз градот Покровск во источна Украина, изјави гувернерот на областа Доњецк, Вадим Филашкин.
-Русите ја нападнаа областа со ракети С-300, при што загинаа 11 лица, а уште осум беа повредени. Главниот напад беше на Покровск и Ривне во општина Мирноград, напиша регионалниот гувернер на „Телеграм“.
Тој објави фотографии на кои се гледа како спасувачите бараат преживеани во урнатините. Според него, во штрајкот оштетени се шест куќи.
Градот Покровск, кој пред војната имаше 60 илјади жители, веќе беше цел на особено смртоносен напад во август минатата година, во кој загинаа девет лица, а осумдесет и две беа повредени. Градот се наоѓа на околу 50 километри од линијата на фронтот.
Извор: МИА