ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕК објави конкурси за придонес во конкурентноста во виртуелната сфера и вештачката интелигенција

January 10, 2024 09:37
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Image: Bing Image Creator

Image: Bing Image Creator

Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија објави два конкурси за придонес во конкурентноста во виртуелната сфера и генеративната вештачка интелигенција и дополнително испрати барања за информации до неколку големи дигитални компании.

– Сите заинтересирани страни се поканети да го споделат своето искуство и да дадат повратни информации за нивото на конкуренција во контекст на виртуелната сфера и генеративната вештачка интелигенција, како и нивни сознанија за тоа како Законот за конкуренција може да помогне при осигурувањето дека овие нови пазари ќе останат конкурентни, соопшти Еврокомисијата.

Во соопштението се додава дека Европската комисија внимателно ќе ги разгледа сите добиени информации преку конкурсите и може и да организира работилница во вториот квартал од 2024 година на која би се разгледале сите различни перспективи кои ќе произлезат од добиените предлози.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, конкурсите траат до 11 март 2024 година.

– Дополнително, Европската комисија разгледува некои од договорите што се склучени меѓу големите играчи на дигиталниот пазар и генеративните развивачи и провајдери на вештачка интелигенција и го истражува влијанието на овие партнерства врз динамиката на пазарот, наведува ЕК, додавајќи дека во тек е проверка дали инвестицијата на „Мајкрософт“ во „ОпенАИ“ може да биде опфатена со Регулативата за спојување на ЕУ.

Во врска со објавените конкурси, извршната потпретседателка на ЕК и еврокомесарка за конкуренција Маргрете Вестагер истакна дека во услови на брз развој на виртуелната сфера и генеративната вештачка интелигенција од фундаментално значење е овие нови пазари да останат конкурентни и ништо да не го попречи растот на бизнисите и обезбедувањето на најдобри и најиновативни производи за потрошувачите.

– Ги покануваме бизнисите и експертите да ни ги посочат сите прашања поврзани со конкуренцијата што може да ги увидат во овие индустрии, но исто така внимателно ги следиме и партнерствата поврзани со вештачка интелигенција за да се осигураме дека тие не ја нарушуваат претерано динамиката на пазарот, додаде Вестагер.

Според проценките на ЕК, инвестициите во виртуелната сфера во ЕУ во 2023 година достигнале околу 11 милијарди евра, а во вештачката интелигенција над 7,2 милијарди евра, при што се очекува нивни експоненцијален раст во следните години.

Tags: вештачката интелигенцијаЕК
Next Post

Орданоски: ДУИ е значаен сегмент во политичката реалност, но ги троши своите коалициски партнери на непријатен начин

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk