ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шолц и Бербок се приклучија на протестот против екстремната десница во Потсдам

January 14, 2024 19:58
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници луѓе – меѓу кои и германскиот канцелар Олаф Шолц и министерката за надворешни работи Аналена Баербок – излегоа денеска на улиците на Потсдам, предградие на Берлин, за да протестираат против екстремизмот на десницата во земјата.

Протестите дојдоа неколку дена откако истражувачки извештај откри како крајнодесничарските екстремисти и политичарите од екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) се состанале за да разговараат за плановите за депортирање на милиони мигранти од Германија.

Околу 10.000 лица се приклучија на неделниот собир околу стариот пазар, или Алтмаркт, изјави градоначалникот на Потсдам, Мајк Шуберт, кој повика на протестот.

Потсдам е главен град на сојузната покраина Бранденбург, која граничи со Берлин, а таму живеат и Шулц и Баербок. Демонстрантите носеа транспаренти со пароли како „Ајде да се држиме заедно“ и други кои го фалат мултиетничкото население.

-Стојам овде како една од илјадниците жители на Потсдам кои се залагаат за демократија, против стариот и новиот фашизам, рече Баербок за ДПА.

На протестот учествуваа и лидерите на локалните партии од Социјалдемократската партија (СПД) на Шолц, конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Зелените и Левицата.

Протестот беше одговор на извештајот на медиумот Коректив( Correctiv) од изминатата недела, кој откри детали од состанокот во вила во Потсдам во ноември, на кој учествувале членови на АфД, некои членови на СДУ и конзервативната група Вертеунион (Werteunion).

Поранешниот лидер на екстремно десничарското австриско движење Идентитаризам, Мартин Селнер, потврди за ДПА дека на тој состанок зборувал за депортација или „ремиграција“ на мигрантите.

Десничарските екстремисти најчесто го користат терминот „ремиграција“ за да го опишат заминувањето на голем број луѓе родени во странство од една земја – дури и под принуда.

Според Лпректив, Селнер именувал три целни групи за време на состанокот во Потсдам: баратели на азил, странци со право на престој и „неасимилирани граѓани“.

Градоначалникот на Потсдам, Шуберт, рече дека „тие планови не потсетуваат на најтемното поглавје од германската историја“. Затоа, време е Германците да го покажат своето лице и да ја бранат демократијата, рече тој.

Извор: МИА

Tags: Бербокекстремна десницапротестШолц
Next Post

Папа Франциск: Самата војна е злосторство против човештвото

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk