Деновиве ДУИ објавуваше манипулативни содржини од вести стари од минатата година во полза на предизборната кампања.
На профилот на Али Ахмети на 1 Март се објавија две слики каде Ахмети се гледа со хуманистот од Косово, Халил Кастрати кој е популарен меѓу албанското население. Од друга страна активисти на ДУИ и одредени портали ибјавија видео каде премиерот на Албанија Еди Рама го поздравул Али Ахмети и го пофали за законот за јазици. Видеото од разни профили се пренесуваше како да е од последниот конгрес на Социјалистичката Партија која се одржа пред три дена. Но, денеска двете вести се покажа дека биле стари и манипулативни.
Изјавата на Рама била од ланскиот самит на дијаспората, а на годинешниот Конгрес на СП, Рама не кажал ниту еден збор за Ахмети.
И веста за средба со хуманистот од Косово Халил Кастрати се покажа дека профилот на Али Ахмети споделил стари слики од минатогодишната средба. Од тимот на Кастрати во телефонска изјава за порталот АЛБАЗОНЕ демантирале секаква средба на 1 март и додале дека Кастрати овие денови се наоѓа во Лондон на средба со албанската дијаспора.
„Не, не, немал средба бидејќи Кастрати овие денови се наоѓа во Лондон”, изјавил администраторот на официјалната страница на Халил Кастрати.
А. Зеќири









