ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Герберих: Работна виза само со призната квалификација и барање од германски работодавач

Согласно со Законот, квалификаувани стручни лица не се само лица со завршено високо образование туку и стручни лица со квалификувано стручно средно образование. Како прв чекор мора да се докаже оваа квалификација пред да се поднесе барање и да биде призната од надлежните германски служби. Со призната професионална квалификација може да поднесете барање за виза за кое ви е потребна и конкретна понуда за работно место. За да може стручните лица да имаат корист од забрзаната постапка идниот работодавач во Германија мора да поднесе соодветно барање. Кога сето ова ќе е приложено, Амбасадата ќе издаде виза, вели амбасадорот Герберих

March 3, 2020 15:32
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Забрзаната постапка за добивање работна виза за Германија што ја овозможува новиот Закон за доселување стручни лица, кој стапи во сила од 1-ви март, е можна само со признаена квалификација од германските надлежни служби и конкретна понуда за работно место од германски работодавач.

Ова го нагласува германскиот амбасадор Томас Герберих во видео порака до граѓаните на земјава која има цел, како што вели, да даде неколку појаснувања во врска со Законот за доселување на стручни лица кој во Германија  стапи во сила на 1 март. Тој нагласува дека Законот ќе го регулира доселувањето во Германија на квалификувани стручни лица од земјите надвор од ЕУ.

– Согласно со Законот, квалификаувани стручни лица не се само лица со завршено високо образование туку и стручни лица со квалификувано стручно средно образование. Како прв чекор мора да се докаже оваа квалификација пред да се поднесе барање и да биде призната од надлежните германски служби. Со призната професионална квалификација може да поднесете барање за виза за кое ви е потребна и конкретна понуда за работно место. За да може стручните лица да имаат корист од забрзаната постапка идниот работодавач во Германија мора да поднесе соодветно барање. Кога сето ова ќе е приложено, Амбасадата ќе издаде виза, вели амбасадорот Герберих.

Тој посочува дека Законот за доселување на стручни лица не е закон специјално составен за земјите од Западен Балкан, туку важи ширум светот. Тој закон, исто така, вели, не ја заменува досегашната, добро позната „регулатива за Западен Балкан“, која и понатаму ќе продолжи да постои.

Германскиот амбасадор појаснува и дека целта не е да се поттикне заминување на млади образовани кадри.

-Дозволете ми да појаснам уште една мисла: Не сакаме да поттикнуваме „одлив на мозоци“, туку да се заложиме за создавање одржлив пазар на трудот во земјите од Западен Балкан. Ќе ги поддржиме и оние што се враќаат за да може тука да го пренесат стекнатото знаење во Германија, наведува амбасадорот Герберих во видео пораката.

За дополнителни детали тој упатува на линк на веб страницата на Амбасадата на Германија.

Next Post

Заев: Незаконско преименувањето на училиштата во Чаир

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk