На Грен слемот Австралија опен заврши денешната програма од осминафиналето во машка конкуренција. Пласман во четвртфиналето изборија Медведев, Хуркач, Зверев и Алкараз.
Резултати:
Нуну Боржес (Португалија) – Данил Медведев (Русија) 1:3 (3:6, 6:7, 7:5 и 1:6)
Артур Казо (Франција) – Хуберт Хуркач (Полска) 0:3 (6:7, 6:7 и 4:6)
Александр Зверев (Германија) – Камерон Нори (Велика Британија) 3:2 (7:5, 3:6, 6:3, 4:6 и 7:6)
Миомир Кецмановиќ (Србија) – Карлос Алкараз (Шпанија) 0:3 (4:6, 4:6 и 0:6).
Претходно место помеѓу осумте најдобри обезбедија Нова Ѓоковиќ (Србија), Тејлор Фриц (САД), Јан Синер (Италија) и Андреј Рубљов (Русија).
По завршувањето на денешните натпревари од осминафиналната фаза на Грен слемот Австралија опен познати сите четвртфинални двојки во женска конкуренција.
Во четвртфиналето утре ќе играат:
Марта Костјук (Украина) – Коко Гауф (САД, 4. носителка) и
Барбора Крејчикова (Чешка, 9. носителка) – Арина Сабаленко (Белорусија, 2. носителка).
На 24 јануари (в среда) ќе се одиграат другите два четвртфинални меча:
Дајана Јастремскаја (Украина, квалификантка) – Линда Носкова (Чешка) и
Ана Калинскаја (Русија) – Женг Чингвен (Кина, 12. носителка).
Трофејот го брани Арина Сабаленка.
Наградниот фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 86,5 милиони австралиски долари.