ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Ако не сакаат да си ги гласаат сопствените министри, зошто ги номинираат, имаат сомнеж во сопствените министри?

January 23, 2024 10:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Никаде не се вели дека мора да биде во состав целата Влада, предложена од мандатарот. Би било за првпат, досега секогаш Владите биле предавани во целиот свој состав и оттаму понатаму се разбира се бираат и потпретседателите итн. И да, би било првпат ако тоа се случи, меѓутоа да имаме предмет зошто оваа Влада се формирала, оваа Влада се формира согласно измените на Законот за Влада кои беа направени во 2015 година и на сите нам ни е добро познато во кои околности тие беа направени и што беше целта на тоа, односно да се овозможи секогаш учеството на опозицијата без оглед која политичка партија ќе биде опозиција, во подготовката и реализирањето на предвремени или редовни парламентарни избори, значи зборуваме само за парламентарни избори,“ рече министерката за одбрана и претседавач на Централниот одбор на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „360 степени“ која се емитува на МРТВ 1.

Петровска појасни дека, од 2015 и 2016 година кога за првпат почнува таквата Влада да се применува, секогаш опозицијата, па и 2020 година кога истата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција повторно ја поддржала, односно гласаше за оваа Влада.

„Сега имаме една ситуација кога опозицијата сака да номинира, прво не сака, па сега се предомислија и рекоа „сакаме да номинираме министри во министерството за внатрешни работи и министерството за труд и социјална политика, но нема да ја гласаме таа Влада“, е сега се поставува прашањето ако номинирате сопствени министри во таа Влада и таа Влада има само една единствена цел, а тоа е организирање и спроведување на редовните парламентарни избори тогаш зошто нема да ја гласате таа Влада. Логично е, и ако јас сум денеска пратеник во Собранието, и јас би имала сомнеж и дилема дали треба да ја гласам Владата во која што некоја политичка партија номинира министри, но сепак нема да ги поддржам,“ истакна Петровска.

Министерката посочи дека потребна е дискусија за тоа кои се обврските на сите политички партии, затоа што изминатиов период опозицијата бегајќи од носење на одлуки на различни прашања, секогаш топката ја префрлувала во Собранието на парламентарното мнозинство.

„Ако не сакаат да си ги гласаат сопствените министри, тогаш се поставува прашањето која е логиката да номинираат, а да не сакаат да ги поддржат, имаат сомнеж во сопствените министри? На пратениците од парламентарното мнозинство не им се бендисува некој друг лично, можеби сметаат дека некој не треба да биде во таа Влада, но гласаат имајќи во предвид  целиот концепт во таа Влада, впрочем прашањето е, сега актуелниот сеуште, претседател на Собранието Талат Џафери им пречи, па тој со години е претседател на Собрание таму каде што истите тие пратеници речиси секојдневно со него на најразлични начини имаат комуникација и остваруваат координации редовни,“ посочи Петровска, одговарајќи на прашањето зошто ни е техничка Влада, без кадри од опозицијата?

Tags: Славјанка Петровскатехничка влада
Next Post

(ВО ЖИВО) Конференција „Година на европски можности“

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk