ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ОБСЕ: Поради репресиите потребни се промени во надворешната политика кон Русија

Независните медиуми кои известуваат за и од Крим се субјекти на блокада наметната од властите. Сето ова е прекршување на принципите на Хелсиншката декларација, изјави тој, додавајќи дека затоа треба да има измени во надворешната политика кон Русија.

March 3, 2020 16:53
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Мисијата на САД во ОБСЕ ги поддржува протестите во Русија изминатиот викенд на петтата годишнина од убиството на опозицискиот лидер Борис Немцов, додека поради се поизразените репресии на власта во Москва, мисијата советува промени во надворешната политика кон Русија.

– Честитки до илјадниците храбри Руси кои во саботата маршираа во спомен на Немцов, и дигнаа глас за потрага по правда и одговoрна влада, Џејмс Гилмор, амбасадор на САД во ОБСЕ, изјави синоќа на брифинг за новинарите во Вашингтон.

Според високиот претставник, САД не ја признаваат анексијата на Крим и се повикуваат на меѓународното право во Европа втемелено во Хелсиншката декларација на ОБСЕ со која се гарантираат границите на Европа по Втората светска војна.

Заклучниот aкт од Хелкински е документ потпишан од 35 земји на конференцијата на ОБСЕ во 1975 година, свикана по предлог на социјалистичките земји, членки на тогашниот Варшавски пакт.

– Со инвазијата на Крим и окупацијата на источниот дел на Украина, Русија го прекрши тој договор, посочи Гилмор.

Укажа на загрижувачката ситуација на Крим од каде стигаат извештаи за засилени репресии вршени врз кримските Татари, со апсења, затворања и измачувања.

Според него, независните медиуми кои известуваат за и од Крим се субјекти на блокада наметната од властите. Сето ова е прекршување на принципите на Хелсиншката декларација, изјави тој, додавајќи дека затоа треба да има измени во надворешната политика кон Русија.

Гилмор посочи дека ОБСЕ останува златен стандард за изборните процеси и мониторинг на изборите насекаде, и организацијата застапува набљудување на изборите како во Русија така и во САД.

Next Post

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со клеветите и инсинуациите

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk