ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападите во кои загинаа тројца американски војници

January 29, 2024 09:26
in ДЕНЕС, СВЕТ

Исламски отпор во Ирак, група од неколку вооружени ирачки милитантни фракции кои ги поддржува Иран, ја презеде одговорноста за нападите на јорданско-сириската граница, каде вчера во напад со дрон на американска воена база загинаа тројца, а се повредени 34 американски војници.

Силите на исламскиот отпор соопштија на својот канал Телеграм дека извршиле напади со беспилотни летала вчера рано наутро, како дел од нивните напори, како што рекоа, „да се спротивстават на американските окупациски сили во Ирак“ и како одговор на израелските „масакри“ врз народот во Газа, пренесува Си-Ен-Ен.

Нападите беа насочени кон четири бази, од кои три се во Сирија, соопшти милитантната група. Јордан остро го осуди „терористичкиот напад“ на американската воена база на границата на земјата со Сирија, соопшти дека нападот се случил на територија на Сирија и наведе дека работи со Вашингтон за обезбедување на своите граници.

Американската Влада сè уште не именуваше конкретна милиција која ја смета одговорна за нападот, а американски официјален претставник претходно изјави за Си-Ен-Ен дека сè уште се утврдува.

Министерот за комуникации на јорданската Влада рече дека нападот во кој загинаа американски војници бил насочен кон „напредна позиција на границата со Сирија“ и дека никој од припадниците на јорданската гранична стража не е повреден. Јорданските власти честопати претходно во нивните осуди на конфликтот во Газа изразуваа загриженост за потенцијалното ширење на војната на Блискиот Исток. Јордан е клучен партнер на САД во регионот и добива значителна количина помош.

Next Post

Јапонија го прекинува финансирањето на УНРВА

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk