ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Гоце Делчев е еден од најсилните поттикнувачи на вековниот стремеж за македонска држава

February 4, 2024 14:01
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Фото: Фејсбук профилот на Костадиновска-Стојчевска

Фото: Фејсбук профилот на Костадиновска-Стојчевска

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како член од владината делегација заедно со првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и со Беким Реџепи, заменик министер за транспорт, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во цркавата „Св.Спас“.

Историјата е сведок дека Гоце Делчев стапува на политичкиот балкански мегдан токму кога неговиот народ, народот на Македонија непоколебливо носи одлука да ја покаже и употреби својата национална зрелост пред Европа и светот. Тој е еден од најсилните поттикнувачи на вековниот стремеж за македонска држава во која сите ќе уживаат човечки права и социјална правда, напиша министерката Костадиновска-Стојчевска на својата фејсбук страница, по повод 152 годишнината од раѓањето на великанот чие име го сметаме за синоним на народната борба за слобода.

Затоа денес го чествуваме раѓањето на Гоце Делчев (4 февруари 1872, Кукуш), а неговото име го сметаме за синоним на народната борба за слобода.

Како учител и организатор на Македонската револуционерна организација, Делчев го исполнил долгот кон својот народ и во колективната меморија на генерациите до ден денес останува најсветла личност и поради неговата мудрост и поради високите морални карактеристики.

„Непрекинато да работиш за културното издигање и ослободувањето на македонскиот народ“ и да го гледаш „светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ се визиите на Гоце Делчев што сите ние ги делиме и ден денеска, напиша Костадиновска-Стојчевска.

Tags: Гоце ДелчевКостадиновска Стојчевска
Next Post
Фото: Wikimedia Commons

Петковиќ: Србија утре ќе побара итна седница на СБ на ОН поради укинувањето на динарот во Косово

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk