Партијата Левица денеска објави дека нејзин кандидат на престојните претседателски избори ќе биде професорката Билјана Ванковска.
Според претседателот на партијата, Димитар Апасиев, тие го имаат најдобриот кандидат. Ванковска, како што рече Апасиев на денешната промоција на кандидатот, во внатрепартиските анкети, каде што имало повеќе имиња, го имала најдобриот скор.
Ванковска која рече дека се чувствува како дел од тимот на Левица, иако не е член на партијата, упати благодарност на довербата и одговорноста за заеднички настап на овие избори.