Обединетите нации предупредија дека израелската копнена офанзива врз Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, може да доведе до масакр во областа, каде што живеат повеќе од милион луѓе.
Израел претходно ја соопшти својата намера да ги протера членовите на Хамас од нивните засолништа во Рафа.
The scenario we have long dreaded is unraveling at alarming speed.
Today, I’m sounding the alarm once again: Military operations in Rafah could lead to a slaughter in Gaza. They could also leave an already fragile humanitarian operation at death’s door.https://t.co/oXpMNkVx75 pic.twitter.com/rUNfCGRIDK
— Martin Griffiths (@UNReliefChief) February 13, 2024
– Воени операции во Рафа може да доведат до масакр во Појасот Газа и би можеле да ја доведат до пропаст и онака кревката хуманитарна операција. Ни недостасуваат безбедносни гаранции, средства за помош и персонал за да ја одржиме оваа операција, истакна шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс.
Меѓународната заедница предупреди на опасните последици од секаква израелска копнена инвазија на Рафа. Владата на Израел не може да продолжи да ги игнорира овие повици, додаде тој.