Медицински феномен. Дарио Ивановски е човек со две срциња. Едното срце му е како срничка, толку е кроток и добар, а другото му е како лав, толку е силен и храбар.
Дарио Ивановски денеска во Севиља, Шпанија истрча маратонска трка за неверојатни 2:08:25 и со тоа за три и пол минути го сруши националниот рекорд којшто Дарио го постигна пред два месеца во Валенција.
Колку е добар овој резултат нека послужи фактот што до пред оваа трка само двајца Европјани (Samuel Fitwi Sibhatu и Hendrik Pfeiffer) имаа истрчано маратон побрзо од денешниот резултат на Дарио.
Со овој резултат Дарио постигна норма за учество на Европското првенство во јуни, а за олимписка норма му недостасуваа само 15 секунди. Иако и со овој резултат тој е речиси сигурен учесник на Олимпијадата во Париз.
Ацо Лукароски