Сонцето дава евтина енергија и носи помали трошоци, смета мнозинството од граѓаните одговарајќи на прашањето „Дали на јавните објекти во општините и државата треба да се инсталираат фотоволтаични панели?“.
„Секој простор што е адекватен треба да се искористи за фотоволтаици, но да не се упропастуваат обработливи површини“ смета граѓанка.
„Со тоа ќе го намалиме загадувањето и ќе имаме поевтина енергија и нема да бидеме зависни“ додава друг граѓанин.
Има и такви што би поставиле фотоволтаици на своите домови, но по услов цената за нивно поставување да биде пониска.
„Зошто да не постават и домаќинствата или мали згради, зошто да не ја искористат својата енергија?“ порача граѓанка.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.