ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на Џафери со претседателката на ЕБОР: Повеќедецениската соработка меѓу Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој е од големо значење

На маргините на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, што се одржува во Лондон, премиерот Талат Џафери оствари билатерална средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, на која било изразено меѓусебно задоволство за повеќедецениската соработка и поддршка која Северна Македонија ја добива од Банката.

February 26, 2024 18:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На маргините на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, што се одржува во Лондон, премиерот Талат Џафери остварил билатерална средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, на која било изразено меѓусебно задоволство за повеќедецениската соработка и поддршка која Северна Македонија ја добива од Банката.

Како што соопшти владината прес-служба, претседателката Рено-Басо му го честитала изборот на премиерот Џафери за технички премиер и изразила очекување дека одличната соработка на ЕБОР со Владата на Северна Македонија ќе продолжи и во иднина под негово водство.

Воедно, изразила благодарност за брзото заокружување на процесот на ратификација на амандманите на Договорот за основање на Банката, истакнувајќи ја Северна Македонија како најефикасна земја на тој план, што од ЕБОР високо се цени.

Џафери истакнал дека, Владата на Северна Македонија особено ја цени поддршката на ЕБОР, како во јавниот сектор, така и онаа за развој нa приватниот сектор и домашното стопанство. Воедно, ја потврди целосната посветеност на Владата на имплементација на тековното портфолио на проекти, како и на подготовка на идни проекти кои би се финансирале од банката.

Тој ја акцентирал значајноста и видливоста на поддршката на ЕБОР во транспортниот сектор преку која Владата обезбедува подобри услови за граѓаните во патниот и железничкиот сообраќај.

На средбата, соговорниците разговарале и за исклучително значајната поддршка во полето на животната средина преку Регионалниот проект за цврст отпад, како и за изградбата на Пречистителна станица за отпадни води во Скопје. Во истата област се вклучени и проектите за забрзана транзиција од јаглен, како и проектот за регионална гасификација, стои во владиното соопштение.

Во тој контекст, Џафери искажал лична благодарност, затоа што тоа претставува значаен и активен двигател на современите реформски процеси и програмски определби, преку обезбедување на силна финансиска и советодавна поддршка во сите области, обезбедувајќи просперитет на граѓаните на Северна Македонија. 

Next Post

Средба Демири - претставници на АМЧАМ: Предлог за проширување на позитивната листа, поголема достапност на иновативни лекови

НАЈНОВО

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

August 19, 2025
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025

Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пријатна атмосфера за време на средбата Трамп-Зеленски, овој пат Венс молчеше

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk