ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Вложуваме 11,5 милиони евра за модернизација на локалната патна инфраструктура во скопските општини

March 15, 2024 14:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и заменик министерката за здравство, Маја Манолева, денеска извршија увид во изградба на 9 локални улици во населеното место Хиподром 2, во општина Гази Баба.

Проектот се реализира преку Министерството за транспорт и врски и истиот е во вредност од преку 600 илјади евра и се наоѓа во завршна фаза.

Министерот Бочварски истакна дека Гази Баба добива значајна поддршка од централната власт за изградба и рехабилитација на локални улици и патишта, со што директен бенефит имаат граѓаните.

„Драго ми е што жителите на Хиподром и Гази Баба добиваат квалитетни улици, бидејќи сите граѓани имаат право на еднаков развој и подобар квалитет на живот. Во општина Гази Баба преку Министерството за транспорт и врски инвестираме повеќе од 800 илјади евра, а вредноста на овие 9 улици кои во моментот ги градиме е преку 600 илјади евра. И ова е многу значајна инвестиција со која инфраструктурано решаваме огромно прашање за жителите во населба Хиподром. Би ја искористил приликата да потенцирам дека до средината на оваа година ќе распишеме јавни повици за изградба и реконструкција на уште 70 локални патишта и улици во општините низ целата држава. Сите граѓани за нас се еднакво важни, инвестираме во сите општини, без разлика дали централната и локалната власт се од иста или различнаполитичка партија, тоа за нас е неважно. Најважно е граѓаните да ги имаат сите услови за подобар живот.“ – изјави министерот Бочварски.

Министерството за транспорт и врски во Скопје и општините во Скопје инвестира 11,5 милиони евра за реконструкција на улиците, а до сега завршени со изградба и рехабилитација се над 180 локални улици и патишта, во над 65 општини.

Next Post

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на Шампионите, Лигата Европа и Лигата на Конференции

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk