Со најновите промени пензиите ќе се зголемат за нешто повеќе од 5 отсто, па така оние кои земаат најниски пензии до 20.000 денари ќе добијат покачување од 600 до 800 денари.
Оние пензионери кои земаат од 20 до 32 илјади денари пензија истата ќе им се зголеми за за околу 1.250 денари. За пензионерите кои земаат од 30 до 50 илјади денари, ќе добијат плус 2.000 денари.
Помалку од 3.000 денари ќе добијат мал број пензионери чија месечна пензија е над 54 илјади денари.
Следното покачување на пензиите врз основ на порамнување со растот на платите ќе биде во септември оваа година.