ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Што ни кажува видеото на Кејт за кралската стратегија

March 24, 2024 12:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Фото: Getty Images

Фото: Getty Images

Share on FacebookShare on Twitter

Дијагнозата рак секогаш е проследена со голема вознемиреност, но повеќето од нас во таква позиција не се чувствуваат принудени да направат снимка што ќе ја гледаат милиони.

Принцезата од Велс и нејзиното семејство побараа приватност, но наместо тоа, еден убав пролетен ден, директно обраќајќи ѝ се на камерата, сведочевме на изјавата на принцезата дека мора да се помири со шокантните вести.

Со недели кружеа тврдења дека пи-ар стратегијата на Кенсингтонската палата пропаѓа, бидејќи онлајн гласините станаа вирални, а потоа медиумите ширум светот  изнесуваа теории на заговор без докази.

Фотошопираната фотографија објавена на Денот на мајката, која требаше да ги смири заговорите, подгреа многу други.

Но, додека принцезата и нејзиното семејство се соочуваат со сè она што им претстои, во јавноста постои гнев поради она што некои го сметаат за малтретирање на принцезата, со сугестија дека таа била принудена да го сними видеото, наместо повообичаениот пат на писмена изјава.

Сер Крег Оливер, поранешен директор за комуникации на Даунинг стрит рекол: „Скриениот поттекст од изјавата на принцезата од Велс е „размислете пред да се препуштите на штетни шпекулации“.

Со недели слушаме критики дека Палатата го изгубила наративот, дека кралскиот бренд претрпел удари. Очигледно е тешко да се менаџираат барањата на нацијата и барањата на семејството.

Нејзиното видео донесоа пофалби од оние кои разбираат како функционира пи-арот на палатата.

Поранешниот уредник на Sun, Стјуарт Хигинс, кој исто така е болен од рак, ја поздрави „огромната храброст, достоинство и смиреноста на Кетрин да се соочи со камерата“ наместо да дозволи Кенсингтонската палата да издаде порака во нејзино име.

Откривањето дијагноза на рак е „многу лична одлука и само таа и нејзиното најблиско семејство можат да донесат толку голема одлука да излезат во јавноста со таква здравствена бомба“, рече тој.

Г-дин Хигинс рече дека не верува дека медиумскиот бес околу Кетрин ја натерал да ја открие својата дијагноза, туку само одразува „голема грижа, љубов и почит кон жената која ќе биде нашата идна кралица“.

„Мислам дека сите треба да и посакаме добро и со нетрпение очекуваме да ја видиме кога ќе се почувствува подготвена да не види“, рече тој.

Заклучокот е дека Палатата успеа да ја врати контролата. Видеото на принцезата од Велс предизвика огромен излив на љубов и сочувство низ целата земја и пошироко.

Извор: Би-Би-Си

М. Пешевска

Tags: емотивна поракаКејт Мидлтон
Next Post
„Сина зона“ - грчки остров ИкариаФото: Getty images

За долг живот – јадете грав

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk