ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фондација Ѓорѓи Марјановиќ: Глумците читаат (и им помагаат на децата да го засакаат читањето)

March 27, 2024 12:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фондација Ѓорѓи Марјановиќ

Денес, во Скопје, г-дин Бесфорт Идризи, декан на факултетот за Драмски уметности при УКИМ и г-дин Александар Марјановиќ, директор на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, потпишаа меморандум за соработка. Овој меморандум има за цел воспоставување на соработка помеѓу двете организации во области од заеднички интерес,  како и други видови соработка, информираат од Фондацијата.

Како што наведуваат, според договорот, активностите кои ќе произлезат ќе се фокусираат на изработка на јавно достапни содржини во вид на аудио записи од читања на извадоци од книги за деца. Со потпишувањето на овој меморандум, факултетот заедно со своите сегашни и некогашни студенти ќе земат учество во проектот на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ за поттикнување на љубовта кон читањето кај децата. Тие ќе читаат делови од книги за деца а нивните аудио записи ќе бидат поставени на YouTube каналот на фондацијата. Овие материјали родителите ќе можат да им ги пуштаат на своите деца пред спиење, а истите ќе можат да се користат и од наставниците по македонски за време на литературните, драмските и библиотекарските секции во основните училишта.

„Користењето аудио снимка од книга што се чита има сличен ефект како родител кој директно чита приказни пред спиење. Слушањето приказни што се читаат на глас го вклучува мозокот на детето да обработува информации, ги вклучува сите мозочни мрежи, поттикнува на размислување. Потоа, им помага на децата да го развијат својот вокабулар, да ги подобрат вештините за разбирање и имагинација и да ја подобрат когнитивната способност (внимание,  концентрација и меморија). Ги изложува на различни наративни стилови, тонови и гласови, што може да го збогати нивното разбирање за раскажувањето. Дополнително, со подобрување на нивното ментално здравје несомнено ќе создаде позитивна поврзаност со книгите и читањето, поттикнувајќи ја љубовта кон литературата“ – изјави Марија Конеска, психолог, на неодамна одржаната трибина на филолошкиот факултет.

„Како последица на преголемата изложеност на мобилните телефони, децата сè помалку читаат што резултира со многу штетни, долгорочни последици. Наместо да чекаме други да ни го решат овој проблем, време е да преземеме не само одговорност туку и конкретни, решителни чекори во решавање на еден од најголемите проблеми во нашето општеството“ изјави Александар Марјановиќ.

„За нас како факултет е од големо значење да бидеме отворени кон сите соработки од кои придобивки ќе имаат нашите студенти, но и пошироката јавност. Една таква соработка е токму и оваа, преку која нашите студенти ќе се здобијат со нови искуства и вештини, но истовремено и ќе дадат значаен допринос кон една подобра иднина, особено преку позитивното влијание врз идните генерации“ изјави Бесфорт Идризи, декан на факултетот за Драмски уметности.

Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ е непрофитна организација посветена на поттикнување на образованието, лидерството и социјалниот развој во Македонија. Со фокус на зајакнување на младите и култивирање на идни лидери, Фондацијата работи неуморно да инспирира позитивни промени и да придонесе за растот и просперитетот на земјата.

Tags: Александар МарјановиќБесфорт ИдризиФондација Ѓорѓи Марјановиќ
Next Post

Четири години од членството во НАТО - Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk