ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Можеби сепак еден ден

March 28, 2024 11:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЕЛИЗАБЕТА СЕКИРАРСКА

Можеби сепак еден ден, оние фини нешта кои се дефинираат како однесување по кое се распознаваме како луѓе, културни, одмерени, пристојни, цивилизирани, создадени да се дружат и свесни каде се, пак ќе бидат ин. Знаете, оние нешта кои опфаќаат едноставни, некогаш така просто подразбирливи човечки аспекти – отпоздравување во продавница, на пример, кога ќе влезете и ќе кажете добар ден, па наместо сурат на продавачката без израз, ќе ве пречека насмевка. Како старата, ситна женичка со сини очи од продавничката во моето маало, кога бев дете и која сите ја викавме Тетка, чиешто лице секогаш зрачеше со радост. Знаете, онаа неопислива радост која плени, од онаа заразна сорта за секој кој ќе влезеше да купува и кој секогаш излегуваше насмеан.

Или кога влезете во училница, на пример, па наместо апатичните, а толку прекрасни деца, на кои им треба некој минут да забележат дека сте влегле веднаш со ѕвоното кое означува дека часот почнал, или оние кои влегуваат по вас, ќе ве пречека атмосфера која ви покажува дека вашето влегување има причина и смисла. Како моите стари, добри професори, кои сите ги почитувавме бидејќи ги доживувавме како институција, дури и тогаш кога не ги сакавме и кога заробени во својот младешки светоглед, сметавме дека не се она што ние како ученици го очекувавме. Но кога ќе ѕвонеше, ние бевме во клупите, застанати молкум кога професорот ќе влезеше и седнати во тишина, додека од катедрата се слушаше чкртањето на пенкалото со кое професорот запишува час.

Или кога, на пример, имаш средба со родителот на детето, кој ќе негува редовен контакт со тебе и ќе внимава на своето дете, задојувајќи го со секојдневни дупли дози на домашно воспитание. Знаете, наместо после шеснаесет повика најпосле да се појави на училиште, нервозно гледајќи во часовникот со сурат кој ти вели: „Скрати, немам време да те слушам.” Како кога нашите родители одеа непоканети само за да видат во разговор со класниот раководител или професорите, има ли нешто на што треба да обрнат внимание кога си ти во прашање.

Или кога одиш на лекар, на пример, па наместо 5 минути преглед со прозевање над твојата глава, додека рутински и отсутно те слуша со стетоскопот и 15 минути чукање на компјутер после тоа, ќе те седне и ќе ти направи муабет. Знаете, од оние “половина лек” муабети. Како некогаш, кога лекарот беше во твоја служба тогаш кога не ти е добро и кога до него можеше да стасаш на време.

Или кога ти се пие кафе, на пример, па наместо да се затвораш зад своите сигурни ѕидови, сам со себе да отпивнуваш, полека, отсутно и во тишина и да прифаќаш дека тоа ти годи, да си го викнеш соседот. Како некогаш, кога децата беа мали и кога не ти беше гајле што креветот не ти е наместен и што си уште во пижами – ти годеше утринското кафе зачинето со муабет со човекот кој живее зад вратите наспроти твоите.

Или кога правиш муабет со колега, на пример, па наместо твоите усни да се собираат во тенка хипокризична линија наречена насмевка, бидејќи не го поднесуваш до левел на омраза само затоа што едноставно го немаш тоа што тој го има, да седнете на една убава, здрава доза професионален муабет. Како некогаш, кога индивидуалниот пристап убедливо губел во битката со колективниот дух на најблагородната професија.

Не знам. Заробени во стапиците кои сами си ги поставуваме во овие чудни, тешки времиња, се чини дека умееме да заборавиме дека клучот за отворање на сите врати е кај нас – и од вратите зад кои е заклучена насмевката, и од вратите зад кои ја заборавивме пристојноста, и од вратите каде живее единството, и од вратите каде спие убавиот збор.

И од вратите каде сме се заклучиле самите себеси.


Текстот е личен став на Авторката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп

May 15, 2025

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk