„Портретот на госпоѓица Лизер“, сликан но недовршен од австрискиот сликар Густав Климт, вчера е продаден на наддавање во Виена, за 30 милиони евра.
Климт не го завршил своето дело бидејќи починал. Само една година пред неговата смрт во 1918 година, богатиот еврејски индустријалец Адолф Лизер го нарачал овој портрет. Долго време се мислеше дека ова дело е изгубено, но всушност со десетлетија било изложено во приватна вила во близина на Виена, објави порталот „Еуроњуз Србија“..
Долго време се разговарало и за тоа која е всушност жената на сликата и што се случило со сликата за време на нацистичкиот период, па мислењата и претпоставките посочуваат дека таа е една од ќерките на Адолф или неговиот брат Јустус Лизер.
Во јануари годинава, аукциската куќа „Им Кински“ го изложи „Портретот на госпоѓица Лизер“ со проценета вредност од 30 до 50 милиони евра.