ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Анагностопулу: Ако Албанија не добие зелено светло, зошто за тоа да биде казнета Северна Македонија

October 9, 2019 14:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во случај да не се даде зелено светло за Албанија, зошто ќе треба да биде казнета Северна Македонија, за тоа, го праша пратеничката од опозициската СИРИЗА, Сиа Анагностопулу алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис за време на денешната расправа на постојаната Комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент.

Како што jави дописничката на МИА од Атина, Анагностопулу, која во Владата на СИРИЗА беше алтернативна министерка за надворешни работи на Грција, во нејзиното денешно обраќање истакна дека го поддржуваат проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, а на Варвициотис му порача дека се наклониле кон германската страна која гледа „групирање на земјите“ за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

– Во случај да не се даде зелено светло за Албанија, зошто ќе треба Северна Македонија да биде казнета за тоа? Не сметате дека ова ќе ги зголеми нестабилноста и национализмот во регионот, ако останат надвор и двете земји? Додека пак давајќи зелено светло за Северна Македонија која има направено огромни чекори, ова ќе запре или нема да дозволи ескалација на национализмот?, праша Анагностопулу.

Претходно, како што веќе објави МИА, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, во неговото обраќање и презентирање на стратешките цели за темите што се во негова надлежност, рече дека поради „присутноста на албанскиот елемент во регионот, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на северната граница“.

Тој додаде дека според тоа Грција смета дека треба истовремено да се донесе одлука за почеток на пристапни преговори за двете земји.

По почетното обраќање на Варвициотис, збор зедоа претставниците на останатите партии, кои ги изнесоа нивните ставови за темите поврзани со надворешната политика и поставија прашања до Варвициотис, по што седницата продолжи зад затворени врати.

Избор: МИА

Next Post

Заев за Ременски: Ако некое лице на функција е осомничено, ќе биде времено отстрането за да докаже невиност

Shortcut

Најново

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk