Министерството за надворешни работи на Украина ја поздравува одлуката на Соединетите Американски Држави од 1 мај 2024 година за воведување на дополнителни рестриктивни мерки против Руската Федерација поврзани со започнувањето на војна од големи размери против Украина од страна на државата агресор и употребата на хемиско оружје, имено хлорпикрин заедно со други хемиски агенси за борба против немирите како метод за водење војна против Украина.
Изразуваме благодарност до американската страна за тоа што, како резултат на плодната соработка со Украина, доказите обезбедени од украинската страна за систематската употреба на хлорпикрин од страна на Руската Федерација, што ја прекршува Конвенцијата за забрана на хемиско оружје го најде својот законски одраз на ниво на официјални изјави на владините органи на Соединетите Американски Држави, се наведува во соопштението од украинското МНР.
Руската Федерација продолжува да врши злосторства на територијата на Украина, поврзани со употреба на хлорпикрин и специјална муниција опремена со опасни хемиски супстанци, против војниците на Силите за безбедност и одбрана на Украина. Меѓу другото, голем број од употребената муниција беа рачни гасни гранати од различен тип, кои се средства за борба против немири и се забранети за употреба како средства за војување според член I, став 5 од Конвенцијата за хемиско оружје.
И покрај реакцијата на меѓународната заедница, државата агресор продолжува да не ги почитува и брутално да ги крши нормите на меѓународното право. Надлежните органи на Украина ги преземаат сите неопходни мерки, вклучително во рамки на предистражните истраги во кривичната постапка, со цел да ги изведат виновните лица од Руската Федерација пред лицето на правдата.
Замаецот на правдата работи. Ниту една земја и функционер нема да имаат имунитет од одговорност за сторените злосторства. Русија задолжително ќе биде изведена пред лицето на правдата, а виновниците ќе бидат изведени пред праведен меѓународен суд.
Д. Т. / Цивил Медиа