Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека СAД ќе воведат високи нови царини за широк спектар на производи увезени од Кина, како што се полупроводници, батерии, соларни ќелии или критични минерали.
Вашингтон, исто така, ќе ги зголеми тарифите за медицински производи или пристанишни кранови покрај претходно најавените зголемувања на тарифите за кинескиот челик, алуминиум и електрични возила, пренесува Си-Ен-Би-Си.
Белата куќа соопшти дека промените ќе влијаат на околу 18 милијарди долари во тековниот годишен увоз и дека зголемувањето на царините е неопходно за да се заштити американската индустрија од нелојална конкуренција.