Премиерот на Словачка Роберт Фицо денеска е застрелан во Хандлова каде се одржуваше седницата на Владата.
Според првите информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели. Неговото обезбедување веднаш го пренело во болница.
🇸🇰 | URGENTE: Imágenes del primer ministro eslovaco Robert Fico siendo llevado a su coche tras recibir varios disparos en un intento de asesinato. El atacante ha sido detenido. pic.twitter.com/HcxSa1FJZx
— Alerta News 24 (@AlertaNews24) May 15, 2024
„Слушнав три или четири истрели. Видов како Фица ја креваат од земја. Полицијата го уапси напаѓачот“, го опиша инцидентот новинар за Aktuality.sk.
Министерството за внатрешни работи на Словачка соопшти дека се работи за атентат.
Местото каде што се случило е евакуирано, а за останатите членови на Владата се грижеле полицајци и обезбедување.
Засега нема информации за состојбата на Фицо.
Извор: Цивил Медиа