ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија на 32 место на виножитната мапа која ја одразува правната и политичката ситуација за човековите права на ЛГБТИ луѓето во Европа

May 17, 2024 16:18
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Северна Македонија оваа година се најде на 32-то место на најновата виножитна мапа и индекс на организацијата ИЛГА-Европа, со остварени само 30,5% од потребните реформи за унапредување на позицијата и пристапот до човековите права на ЛГБТИ луѓето.

ИЛГА-Европа секоја година започнувајќи од 2009 година, во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија ја објавува виножитната мапа и индекс што ги рангира сите 49 европски земји на скала од 0% (грубо кршење на човековите права, дискриминација на ЛГБТИ луѓето) до 100% (почитување на човековите права, целосна рамноправност).

На врвот на виножитната мапа и индекс се најде повторно Малта, која веќе девет години е на прво место во однос на почитување и унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата, а на последно место е Русија со само 2%,  која за разлика од минатата година изгуби седум поени и падна за три места поради федералната легислатива која забранува правно признавање на родот и специфична здравствена заштита за транс лицата.

Од земјите во регионот најдобро котира Хрватска која е на 18-то место со 50,06%. Албанија е на 26-то место, Србија е на 27-то место, а Косово на 28-то место. Полошо од нас од земјите во регионот е рангирана само Бугарија која оваа година е на 39-то место на виножитната мапа и индекс на ИЛГА-Европа.

Повеќето земји кои се во процес на пристапување во ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Украина) заостануваат во своите обврски, го стопираат воведувањето на закони и на тој начин ги ставаат своите граѓани сè повеќе во ризик од реални реакции и поткопување на основните човекови права, потенцираат од ИЛГА-Европа.

Според извршниот директор на ИЛГА-Европа, Чабер: „ЕУ треба да посвети големо внимание не само на порастот на политичкиот говор на омраза против ЛГБТИ луѓето, туку и на новите алатки за угнетување, како што е руската криминализација на цел сегмент од населението на земјата. Напорите за поделба и одвлекување на вниманието од консолидираните авторитарни режими дополнително протекуваат во другите европски земји во време кога изборите би можеле да ја турнат Европа во рацете на лидерите што сакаат да формираат радикална десница, антидемократска Европска Унија. На Европа ѝ требаат посилни закони и политики за заштита на ЛГБТИ луѓето. Без нив, не можеме да зборуваме за безбедност или за владеење на правото и демократијата“.

За повеќе информации за виножитната мапа и за рангирањето на другите европски земји консултирајте го сајтот на ИЛГА-Европа со клик овде.

Ј.Џ. / Цивил Медиа

Next Post

Дрекслер: Северна Македонија припаѓа во ЕУ, нема да дозволиме сиви зони во Европа

НАЈНОВО

Фото: Укринформ

Канадскиот премиер Карни пристигна во Кијив

August 24, 2025
Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор

August 24, 2025
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Мицкоски спроведува политика која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk